„Нека храната биде твој лек, а лекот твоја храна“

Лекувањето се храна е неправедно занемарено во поново време, иако во минатото се применувало често.  Со правилна исхрана, телото кое е болно се доведува во рамнотежа, а на телото кое е здраво се делува превентивно , спречувајќи појава на  болести и тешки  хронични состојби . Самото лечење со храна не е препорачливо од лекарите и конвенционалната медицината воопшто, па затоа е сместено во алтернативната медицина, иако ефектите од таквото лечење се извонредни.

„Со секое внесување на храна, вие или ја храните болеста или се борите против неа“

 

Храната може да  биде најдобар лек , доколку се употреби пред развитокот на болеста. Ова го потврдуваат истражувањата на Ландмарк центарот за спречување на дијабетес , каде се извршени тестови над 3234 луѓе кои имале преддијабетична  состојба.  Резултатите покажуваат дека испитаниците кои биле подложени на диета препорачана од нутриционисти, имале поголем степен на подобрување на здравјето, како и спречување на развојот на дијабетес од оние испитаници кои биле лечени со таблети . Притоа, треба да се напомене дека  третирањето на пациентите со апчиња  секогаш има опасност од појава на несакани ефекти, додека кај лечењето со храна тоа се избегнува . Значи, најдобра превенција од болести е здравата исхрана.

Избегнувајте процесоирана храна,  држете се поблиску до природата кога купувате овошје или зеленчук, купувајте во што повеќе бои, отстранете го додадениот шеќер  и бидете физички активни . И не само што ќе го остраните ризикот од многу болести , туку ќе се чувствувате посвежо, поенергично и повитално.  Храната е и лек и превенција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *