Дебели деца => дебели возрасни

Зошто треба да се практикуваат спортски активности уште од најмала возраст и да се превенира покачување на телесната тежина? 

Дали знаевте дека човековото тело има меморија? И не само за информации, чуства и емоции, туку и за механички, физички промени кои се случуваат.
Без разлика што клетките измираат и повторно се обновуваат, ја задржуваат првобитната информација.

Затоа е многу важно какви информации му даваме на нашето тело, преку храната и воопшто преку нашиот животен стил, а секако и преку промените што ги правиме во нашето тело.

Потврда за ова се примерите за мускулните влакна и адипоцитите.

Мускулни влакна

Мускулните влакна или клетки се основна градбена единица на мускулите во нашето тело.
Се групираат во снопови, а повеќе такви обвиени со мембрана, градат мускул.
Специјализирани се за напор, така што имаат повеќе клеточни јадра и повеќе митохондрии – клеточни органели одговорни за оксидација.

Вашите мускули ја „паметат“ секоја ваша физичка активност

Ова се должи на способноста на мускулните клетки да создваат нови клеточни јадра.
Имено, кога спортувате, имате поголеми енергетски потреби, па за да ги задоволат, вашите мускулни клетки создаваат нови јадра. Овие клеточни јадра не се губат, дури и кога се прстанува со редовно спортување.
Постоењето на овие јадра го олеснува враќањето на кондицијата, па така оној што некогаш редовно спортувал, многу побрзо и полесно се враќа во форма и кондиција, отколку оној шти никогаш немал редовна физичка активност.

 

Адипоцити

Адипоцитите се масни клетки, кои групирани го сочинуваат масното ткиво.
Слично како и со мускулните клетки, и масните клетки имаат меморија и паметат кога една индивидуа имала вишок килограми, затоа што биле складирани токму во облик на масно ткиво!

Дебели деца -> дебели возрасни 

Кога една индивидуа е во позитивен енергетски биланс, односно внесува повеќе енергија отколку што троши, телото ја складира во облик на масти. Овие масти се депонираат во масните клетки – адипоцити, кои имаат способност да го зголемат својот волумен , како би складирале што повеќе масти.
При губење на тежината, складираните масти се трошат, но волуменот на масните клетки останува во нивната меморија, и многу полесно се складираат масти во таквите клетки. Затоа оние што имаат покачена телесна тежина уште од детството, најчесто го имаат истиот проблем и како возрасни.

Но, не треба да се очајува! Ова не значи дека секогаш дебелите деца стануваат и дебели возрасни!

Со правилна и балансирана исхрана, одржувањето на телесната тежина е лесно и забавно!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *