Здрава исхрана на дијабетичарите – едукативна работилница

Се едуцираа викендов граѓаните кои боледуваат од дијабет и членови на нивните семесјтва во Велес како да ги креираат своите оброци храна, потребни во еден ден. Работилница започна со предавањето на д-р Страхил Тодоров, доктор по општа медицина, кој на присутните граѓани им соопшти повеќе информации за болеста Дијабетот тип 2 и за можните поселдици врз севкупното здравје. Д-р Тодоров исто така сподели информации поврзани со превенцијата, потребните мерки и активности што секој граѓанин – дијабетичар треба да ги спроведува за да спречи загрозување на виталното здравје.

 

Нутрициониската Цветанка Петрова ги запозна граѓаните како треба да ја одредуваат калоричноста на храната особено поврзана со присуството на шеќер и јаглехидрати во производите што дијабетичарите најчесто ги користат. Петрова презентираше повеќе начини на споредување на мерните единици кои се потрбни да се применат при подоготовка на еден оброк. На крајот од работилницата Петрова ги мотивираше граѓаните да ги применат нејзините совети и да подоготоват ужинка со мал број на лебни единици.

 

 

Оваа работилница е прва од повеќето што Здруженеито на лица заболени од дијабет „Шеќерче – Лилипоп“ ќе ги реализира во Велес. Работилниците имаат за цел да ги едуцираат и мотивираат граѓаните дијабетичари правилно да ги подоготват неопходните шест оброци за едно деноноќие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *