Кетогена диета – лек за епилепсија

Оваа диета е претпознатлива по високиот процент на масти, кои всушност ги заменуваат минимизираните  јаглехидрати.  Оваа диета ќе ја оптимизира вашата тежина, но и вашето здравје.
Се смета дека поволно влијае на повеќето хронични болести, моментално се истражува нејзината улога во превенција и третман на канцерот, а веќе подолг период се користи како терапевтска мерка за епилепсија.

Основен принцип на кетогената диета е намалување на јаглехидратите и нивна замена со здрави масти и квалитетни протеини. Особено важен е соодносот меѓу макронутриентите, кој може да биде 3:1:1 или 4:1:1, во кој доминираат мастите со дури 80-90%.
Механизмот на делување сеуште е непознат, но се смета дека кето-телата кои настануваат со топење на мастите ги оптимизираат нервните клетки и ги спречуваат епилептичните напади.

bigstock-Food-fish-Unsaturated-Fats-52226848

Имено, митот дека јаглехидратите се основниот извор на енергија, а мастите се виновни за кардио-васкуларните болести е широко распространет во развиените земји, па така внесот на шеќери и неквалитетни јаглехидрати радикално се зголеми во текот на изминатите неколку децении. Но, процентот на кардиоваскуларни болести и други хронични болести не се намалува, туку напротив е во постојан пораст.

Секојдневниот прекумерен внес на јаглехидрати го адаптира телото да ги согорува јаглехидратите како примарен извор на енергија, а не мастите. Кетогената диета го прави токму тоа- го преобразува телото од согорувач на шеќери во согорувач на масти.

Основни намирници во кетогената диета

За да се постигнат они 80-90% масти, во диетата се вклучени масти од разни извори, притоа внимавајќи на  нивното потекло и квалитет.

Кокосово масло, авокадо, јаткасти плодови како ореви, бадеми, лешници…, семиња: сончоглед, лен, семки од тиква…, нерафинирано масло од јатки и семиња, путер, полномасно млеко и сирења, жолчки од јајца, месо од органско потекло, мрсни риби …

image6Максималната дневна количина на јаглехидрати е околу 30г, и тие секогаш се во форма на интегрални житарки или овошје. Сепак, во основата на кетогената пирамида исто така се наоѓа и зеленчукот.
Со оглед на тоа што овошјето е скратено заради количината на шеќери, зеленчукот треба да биде доста застапен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *