Расте бројот на дијабетичари во Македонија

Секој десетти Македонец има дијабетес. Преваленцата во Македонија во 2017 изнесува високи 12.2 отсто, што значи дека бројката на дијабетичари е над 180 000 на возраст помеѓу 20 и 79 години.

Зголемениот број на лица со дијабетесот тип 2  е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна. Во Македонија не постои национална стратегија за справување со дијабетесот.

Од здруженијата на пациенти бараат итни мерки и одржливи долгорочни стратегии за справување со оваа модерна чума како што се нарекува болеста на денешново живеење. И овој 14-ти ноември светот и Македонија го одбележуваат светскиот ден на дијабетесот, преку глобална кампања промовирана од светската здравствена организација со цел зајакнување на свесноста на граѓаните за превенција од болеста.

Како да се храните доколку имате дијабет?

 

Превземено од 24 Вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *