Залак по залак ….. Се изедовме ли живи?

7 од 10 луѓе во Америка умираат од хронични болести.

1600 годишно од канцер.

СИТЕ ИМАМЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ!

Можеме да видиме како еден човек се храни од она што е наталожено во неговите артерии.

Се чини дека го имаме лекот, но стотици, илјадници луѓе сеуште умираат од болести кои можат да се превенираат, третираат и излечат!

Здравјето не е добивка на лото. Не е ниту судбина која е запишано во вашите гени.

Човековото тело е створено на одреден начин, за да се храни со одредено гориво. Ние му даваме погрешно гориво.

Начинот на живот, посебно начинот на исхрана е причинител број 1 за 90% од болестите.

Храната е причинител за дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, канцер, хипертензија …
И штом е причина, тогаш може да биде и решение!

Најважната одлука што ќе ја направите денес е изборот на храна!

Луѓето грешат кога мислат дека за да се храниш здраво, треба да се откажеш од вкусна храна. Тоа е сосем погрешно! Секоја храна е вкусна, кога е зготвена и комбинирана на правилен начин!

Не глумете жртва, туку сфатете дека ВИЕ ЈА ИМАТЕ КОНТРОЛАТА ВРЗ ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

Јадејќи квалитетна, непреработена, свежа, органска, целосна храна … НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗГРЕШИТЕ!

Ваквата храна има огромна моќ!
Време е да и овозможиме да ја покаже!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *