Нутриционист Цветанка Петрова: Зошто ни е потребен детокс?

Зошто детокс?

Човечкото тело е една совршена машина, која што постојано се самообновува, преработува храна, го задржува она што и треба, а непотребното го исфрла. Во совршени услови, нашето тело би функционирало совршено, без болки и болести. Но, живееме во индустриска ера, во која што покрај тоа што го загадивме воздухот, водата и средината воопшто, ја индустријализиравме и храната.
Денешната храна, или она што останува од неа после сите процеси на обработка, е сиромашна со нутриенти, штетна по здравјето, богата со слободни радикали, токсична, па дури и канцерогена! Прости шеќери, транс масти, сол, адитиви, појачувачи на вкус, глутен …. се само дел од  токсичните состојки кои секојдневно ги внесуваме, колку и да внимаваме на исхраната, бидејќи тие доаѓаат во облик на „скриени шеќери“, „безкалориски засладувачи“ и сл.

Затоа, покрај секојдневното избегнување на овие токсини, повремено ни е потребно и прочистување на дигестивниот систем, а со тоа и на телото воопшто. Во природна, еколошка и здрава средина, ова не би било потребно.

Отровите кои се натрупани во нашето тело во текот на целиот живот не можат преку ноќ да се исфрлат. За сè е потребно време. Овој процес на чистење на почеток може да е следен со тешкотии, како што се слабост, чувство како да сме болни или исцрпени, посебно кога отровите ќе стигнат во крвта и кога ќе почнат да се исфрлаат. Тоа е знак дека во телото започнал процесот на прочистување.

Постојат повеќе видови на детоксификација, но јас, од сопственото искуство, како и искуството со десетици клиенти кои го практикувале, детоксот со кашести сокови би го ставила на ПРВО МЕСТО.

Зошто, за време на детокс, го блендирам овошјето и зеленчукот, а не го конзумирам цело?

За да се ослободат сите хранливи состојки од клетките, потребно е да се разбие клеточната мембрана. Посебно кај лиснатите растенија, како што се спанаќ, целер, кељ, магдонос, раштика, блитва, диви зелени растенија, целулозата има цврста молекуларна структура. Не е лесно да се здробат овие клетки, а внатре во нив се наоѓа најголемата вредност на животната енергија.
Кога ги јадеме овие растенија во сирова состојба,не сме во состојба да ги изџвакаме цврстите зелени влакна и притоа не можеме да ги ослободиме сите нутриенти.
Со помош на денешната технологија, си го олеснуваме овој процес. Блендирајќи ги намирниците, всушност ги добивам сите витамнини, минерали и останати нутриенти спремни за апсорбција.
Кашестите сокови буквално започнуваат да се апсорбираат уште во устата.
Вака разложени, хранливите материи се во органска форма што резултира со висока апсорбцијата на истите од страна на организмот, а притоа не е возможно предозирање како што тоа е случај со синтетичките додатоци во исхраната.

Кога ќе станеме свесни за енергијата и виталноста што повторно ќе се појават, нема повеќе да сакаме да се вратиме на старите навики.

Смуди детокс vs. Други детокси

Во споредба со другите начини на детоксификација, како што се пост на цедени сокови, пост на вода, или разни прочистувања, сметам дека смуди детоксот е во предност, затоа што истовремено и го прочистува организмот и обезбедува хранливи материи. Соковите од овошје се чистачи на организмот, а соковите од зеленчук се хранители и обновувачи. На овој начин, организмот не гладува, клетките ги добиваат потребните нутриенти, со што можат да се ослободат од токсините и можеме да кажеме дека се одвива една здравадетоксификација.
Кашести сокови, наспроти цедените, се комплетна храна затоа што во кашестите сокови се содржат аминокисленини, минерали, соли, ензими и витамини, како и растителните влакна кои имаат заштитна функција во организмот против малигни и кардиоваскуларни заболувања, а истовремено се одлична храна за „добрите“ бактерии во цревната флора.

Исто така, смуди детоксот е највкусниот детокс! Кашестите сокоови спаѓаат во најпријатната храна за луѓето од сите возрасти. Имено, голем дел од луѓето имаат одбивност кон цедените сокови заради зеленчуковата арома, но во смуди со добро избалансиран состав од овошје и зеленчук, речиси е незабележителен вкусот на зеленчукот, дури и кога станува збор за зеленчуци со јака арома како брокула, магдонос, целер и др. За дополнително уживање придонесува и богатиот вкус и кремаста струкура.

За детокс програма можете да се пријавите на Сакам диета! или овде.

Уживајте во пролетта освежени и енергични, здрави и ослободени од токсини!
И со некој килограм помалку!

Вашиот нутриционист,
Цветанка Петрова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *