Празници се ближат – килограмите се движат!

Дали и вие сте една од оние личности кои постат, држат диети, вежбаат до одреден датум, а потоа се враќаат на старите навики и нагло ги враќаат изгубените килограми?

Оваа пракса е често применувана, особено од жените, но е неизмерно нездрава.

Во ред е да се држите до некој животен стил преку целата година и да се опуштите за време на празниците, но да го измачувате своето тело губејќи тежина нагло, со цел потоа да се прејадувате, навистина нема смисла. Таквиот однос кон вашето тело е тотално нефер, преставува шок и предизвикува несакани последици. Јо-јо ефектот на враќање на килограмите е само еден од штетните ефекти, а може да имате гасови, подуеност, киселини во желудникот, промени во расположението, нагони за повраќање и др.

За оние, кои се придржуваа на Велигденските пости, особено потенцираме: внимавајте со количината на изедено месо, јајца и млечни производи, бидејќи вашето тело нема да може да процесира поголема количина на масна храна, затоа што сте ја избегнувале подолг период, и може да се доведете до интоксикација.

Велигденскиот ручек треба да биде како секој друг фамилијарен ручек, кога храната се благословува и се ужива во истата.

Препорачуваме умерен внес на сите макро-нутриенти, пропратени со чаша црвено вино и добар семеен разговор!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *