Производство на ГМО во Македонија – НЕ!

Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) има доставено Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната. Меѓу другите измени на Законот за безбедност на храната предвидено е да се избрише Член 55 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија бр. 187/13“, кој гласи:

„Се забранува производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО.

Производството и потрошувачката на ГМО во Македонија НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ затоа што претставува:

– ОПАСНОСТ за БИОДИВЕРЗИТЕТОТ: ГМО се инвазивни и се одгледуваат со интензивни земјоделски практики во монокултурни насади што ги ИСТИСНУВААТ другите видови и сорти во екосистемот. Каде ни се автохтоните сорти на кои не им требаат синтетички пестициди и вештачки ѓубрива за да опстојат? Каде е органското производство без хемиски препарати?

– ТОКСИЧНИ растенија, ТОКСИЧНА земја: ГМО спаѓаат во една од две категории: или се генетски модифицирани за да бидат отпорни на хемиски хербициди; или самите да продуцираат инсектициди што се токсични. Сето тоа го внесуваме преку исхраната во себе или останува како отровна материја во почвата. ГМО не можат контролирано да се применат  во ограничени услови и само во изолиран дел од екосистемите – нивните животни циклуси неизбежно се втопуваат во екосистемските односи и предизвикуваат долготрајни последици што се од непредвидливи размери. ЕДНАШ кога ќе влезат на голема врата во екосистемот, му наштетуваат за секогаш.

– БИЗНИС КОНТРОЛА – ГМО се патентирани!!! СЕКОЈА ГОДИНА – НОВО СЕМЕ! Семињата не смеат да бидат во СОПСТВЕНОСТ на фирми, тие се ЈАВНО ДОБРО! Најчесто во ГМО се вметнува ген-терминатор што ја онеспособува ртливоста на семето собрано од генетски модифицирано растение, така што земјоделците не би можеле да зачувуваат плодно семе и за следната сеидбена сезона, туку би биле принудени да купуваат повторно нов семенски материјал. Постои опасност насадите од гм-растенија штетно да влијаат и на биодиверзитетот во почвениот екосистем што долгорочно би предизвикало и осиромашување на почвата, па следствено и помали приноси. Истите фирми ги произведуваат и хербицидите и вештачките ѓубрива. 

– ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ОПАСНОСТ – нема да можат да користат свој семенски материјал. Патентираните ГМ-растенија го испуштаат поленот и по случајност контаминираат други немодифицирани сорти при што може да настане хибридизација, па во следната генерација конвенционални насади да се детектираат траги од ГМО, за што земјоделците, кои не ни знаеле дека нивниот семенски материјал бил контаминиран од ГМО уште пред посевањето, можат да бидат тужени од корпорациите што се сопственици на патентираниот ГМО. Поленот од маслодајната репка, на пример, се шири преку ветер.

– КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ХРАНА – ГМО немаат никаква историска ниту културна поврзаност со нашите обичаи, луѓе и места. Каде ќе ни отидат локалните традиции?

– СЛАБА ИНФОРМИРАНОСТ ЗА ЗДРАВЈЕТО И СИГУРНОСТА – Во многу земји, студиите за здравјето и ГМО се финансирани од самите ГМО компании, а сепак некои од студиите покажуваат дека животни хранети со ГМО храна можат да развијат здравствени проблеми.

Петицијата против производството на ГМО храна во Македонија може да ја потпишете овде: ПЕТИЦИЈА


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *