Смачено ми е да сум постојано на диета!

„Сум пробала секакви диети и никако не можам  да симнам некој килограм“
Тешко ми оди слабеењето“
Смачено ми е веќе од диети
„Смачено ми е да сум постојано на диета“

Дали се препознавате во овие изрази?
Дали и вие тешко слабеете и едвај ги издржувате диетите?
Дали едвај чекате да завршите со диетата и да се почестите со пица и пиво?

Епа можеби и затоа вашата диета не функционира и не го дава посакуваниот резултат.
Или уште полошо има јо-јо ефект.

Секако дека има и такви диети кои самите по себе се ригорозни и не се практикуваат долг временски период, но и начинот на размислување и пристапот имаат големо влијание.

Принципи на успешна диета

  1. Калориски и нутритивно избалансирана програма, стручно изготвена од нутриционист
    Не секоја популарна диета е ефикасна, и одговара секому. Важно е да се запази основата на една добро избалансирана диета, да се внесуваат оптималните вредности од макро и микро нутриентите, да се прават правилни комбинации, и да се внесува одреден број калории во одредено време.
    Нутриционистичкиот надзор и изготвено мени, при чијашто изработка се земени предвид сите параметри, се клучен елемент во постигнувањето на посакуваниот резултат!
  2. Не е диета, тоа е вашиот нов животен стил!

    Спротивно на популарното верување дека диета е „режим за слабеење“, всушност диета преставува  начин на исхрана. Секој начин на исхрана го именуваме со терминот „диета“.
    Тоа значи дека се додека внесувате храна, вие сте на диета.
    Но, поголемиот дел од практикувачите на диетите со намена, на пример за намалување на тежината, гледаат на истите како на кратротраен режим на исхрана, кој едвај чекаат да го завршат и да се вратат на старите навики и намирници.
    Причината за краткорочниот резултат , како и за јо-јо ефектот на една диета ја гледам токму во ваквиот начин на размислување.

Кога ќе бидете подготвени да го прифатите фактот дека намалувањето и одржувањето на телесната тежина и доброто здравје е последица на ПРОМЕНА НА ЖИВОТНИОТ СТИЛ, а не на краткотрајна „диета“, ќе имате подобри и долготрајни резултати.

  1. Позитивен став, мотивација, истрајност, фокус на целтаПристапот кон еден нов начин на исхрана е иста така важен фактор за успешноста на истиот.
    Тоа што повеќето популарни диети за слабеење се безуспешни влијае негативно врз желбата и мотивацијата на луѓето. Но, кога веќе сте донеле одлука за промена, бидете фокусирани на крајната цел, а за да ја постигнете секогаш е потребна истрајност.
    Радувајте и се на храната што ја внесувате, уживајте во нејзиното нутритивно богатсво, гответе со љубов!!
    Видливите резултати даваат дополнителна мотивација!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *