Шеќерот не е лош, ама животот е многу подобар без него!

80% од производите што ги купуваме во маркетите содржат шеќер. И додека за некои производи како слатки, чоколади, сладолед и др. знаеме дека содржат огромни количества шеќери, за производите означени како „здрава храна“ не сме ни свесни дека содржат можеби иста количина шеќер како слатките! Овие шеќери ги нарекуваме „скриени шеќери“ и бидејќи се продаваат под превезот на „здрава храна“ треба со посебно внимание да се читаат нутритивните ознаки на производите кои ги содржат.

До многу скоро се мислеше дека мастите се оние кои му штетат на човековиот организам и кои предизвикуваат дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и болести на внатрешните органи, меѓутоа со најновите истражувања се покажува дека број еден непријател на човековото здравје е белиот шеќер во големи количини.

Според спроведените анкети, просечен човек во развиените земји дневно конзумира 40 лажички шеќер!

„That Sugar Film“ е еден одличен документарец, каде преку личен пример се покажуваат негативните ефекти од конзумирањето на просечната количина шеќер.
Погледнете што се случува кога човек кој 3 години не конзумира бел шеќер, решава да го врати во својата исхрана, a резултатот  го евидентира како документарец.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *