Авокадо песто (ВИДЕО)

Обожавате намази на топол леб? Доколку ви здосади од традиционалните македонски намази, пробајте го овој исклучително вкусен и здрав намаз од неколку едноставни состојки!

Потребни состојки:

  • свеж босилек
  • 2 зрели авокада
  • 1 рака ореви
  • сок од 1/2 лимон
  • 2 чешниња лук
  • прстофат сол
  • маслиново масло
  • бибер

 

Начин на подготовка:

Сите состојки освен маслиновото масло и биберот ставете ги во блендер и блендирајте.
Во текот на блендирањето додавајте маслиново масло по потреба, за да ја добиете посакуваната густина и кремаста структура.

Ова песто можете да го употребите како намаз на интегрален леб, или како сос за вашите тестенини или шпагети од тиквички!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *