Здрава пица од тиквички

Вкусни и здрави, тиквичките се богати со нутриенти, минерали, растителни влакна … Во комбинација со кашкавал, лук и јајце се одличен извор на протеини, а ќе му се допаднат на целото семејство.

Потребни состојки:

  • 4 средни тиквички
  • 1/3 шолја пармезан
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка бибер
  • ½ лажичка црвен пипер
  • ½ лажичка сол
  • 1 големо јајце
  • 1/3 шолја рендано чедар сирење
  • ½ шолја моцарела

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изрендајте ги тиквичките во подлабок сад и во нив додадете ги сите состојки освен чедарот и моцарелата.

Убаво промешајте и ставете ја смесата во крпа за да ја исцедите течноста. Потоа распоредете ја смесата врз хартија за печење и распоредете насекаде подеднакво.

Печете околу половина час. Извадете ја кората од рерната, ставете ги врз неа чедарот и моцарелата и вратете да се допече. Потоа исечете на ленти и послужете со сос.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *