Здрава чоколадна торта! (ВИДЕО)

Обожавате чоколадна торта?  Со овој рецепт уживајте во превкусна чоколадна торта, без да му наштетувате на вашето здравје, внесувајќи милион калории!

 

Потребни состојки:

за тесто:

  • 250г киноа
  • 175г урми
  • 4  лажици какао во прав
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка ванила
  • прстофат сол
  • 2 лажици чиа семе

за фил:

  • 2 авокада
  • 3 лажици какао
  • 2 лажици кокосово масло
  • 4-6 лажици засладувач (агаве или јаворов сируп)
  • овошје за декорација

Начин на подготовка:

Киноата ставете ја во вода и оставете да кисне 15-тина минути, а потоа процедете ја водата, а киноата ставете ја во блендер. Додадете ги останатите состојки за тестото и 2 чаши вода и убаво изблендирајте.

Смесата  истурете ја во тавче прекриено со хартија за печење и печете на  180 степени, околу 30-тина минути.
Оваа количина на смеса за тесто може да ја поделите во 2 тави или да печете во една, а потоа да ја исечете на 2 еднакви круга.

во меѓувреме подгответе го чоколадниот фил.

Излупете ги авокадата, исечкајте ги на парчиња и ставете ги во блендер заедно со останатите состојки за фил.
Блендирајте додека се добие кремаста структура.

Со филот премачкајте помеѓу двете теста, и врз тортата, а декорирајте со свежи малини и боровинки!

Уживајте!

Quinoa Avocado Chocolate Fudge Cake

Quinoa Avocado Chocolate Fudge Cake (Vegan + GF)RECIPE – http://bit.ly/Quinoa-CakePIN RECIPE – http://pin.it/C4JxOQf

Posted by Nest and Glow on недела, 2 април 2017

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *