Здрав оброк: Палента на медитерански начин

Палента или качамак се подготвува од пченкарно брашно или гриз,
не содржи глутен, а е доста хранлив оброк.
Погоден за појадок и вечера, а се повеќе се комбинира и за ручек.

Еве еден рецепт за оние кои сакаат поинакви вкусови и сакаат промени!

Потребни состојки:

  • Палента
  • Вода
  • Маслиново масло
  • Лук
  • Босилек , копар или рузмарин

Начин на приготовка:

Во тенџере на оган ја ставаме водата да зоврие и додаваме малу маслиново масло. Постепено додаваме палента додека ја добиеме посакуваната густина, а потоа го тргаме тенџерето од оган и ги додаваме ситно исечканиот лук, или доколку преферирате лук во прав, и зачинот кој сте го избрале.

Имајте предвид дека босилекот нема толку интензивен вкус како копарот и рузмаринот, па доколку не сте експериментирале со појаки вкусови, започнете со босилекот!

Измешајте убаво, сервирајте со маслинки, шери домати или кашкавал и уживајте!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *