Како да направите растително млеко? (ВИДЕО)

Во време кога се почесто среќаваме интолеранција на лактоза, при што отежната или невозможна е конзумацијата на анимално млеко, добро би било да се конзумира растително млеко, а уште подобро е да се знае како да се направи во домашни услови!

Се што ви треба е јаткасти плодови и вода, а по избор може да додадете засладувач, ванила, какао во прав и малку сол.

Може да употребувате разни јатки, а во видеото се прикажани 4 видови јатки: бадеми, ф’стаци, лешници и пекан ореви.

Јатките се потопуваат во вода, и се оставаат преку ноќ, а потоа се ставаат во блендер заедно со другите состојки и 2 чаши вода и се блендираат. Млекото се прецедува преку газа, и се остава во фрижидер неколку часа.

 

4 Ways To Make Nut "Milk"

4 ways to make nut "milk" for a dairy-free alternative! ??FULL RECIPES: http://bzfd.it/2orJ8qE

Posted by Goodful on Понеделник, 3 април 2017

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *