Печен карфиол со куркума

Карфиолот припаѓа на групата зелки, изобилува со витамин Ц, а содржи и витамин К и неколку витамини од Б комплексот.
На 100г содржи само 25 калории, но затоа изобилува со растителни влакна, кои ќе направат да се чуствувате сити подолго време, а со тоа и да ја одржите вашата телесна тежина.
Еве еден одличен рецепт, дури и за оние кои не го сакаат карфиолот!

 

Потребни состојки:

  • 1 голем цвет карфиол
  • 1 лажица куркума во прав
  • 1 лажица ѓумбир во прав
  • 2-3 чили пиперчиња, ситно исецкани
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лимон, исцеден
  • 1 главица ситно исецкан лук
  • зачини

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Карфилот разделете го на помали цветови.
Во подлабок сад ставете го лукот, чили пиперките, маслиновото масло, лимоновиот сок, ѓумбирот и куркумата и во оваа смеса додајте ги цветовите карфиол и убаво измешајте.

Маринираните цветови карфиол наредете ги во тава, која претходно се ја намачкале со маслиново масло.
Печете 30 минути.

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *