Рецепт со кој ќе ја засакате овесната каша!

Честопати во пракса се среќавам со луѓе кои имаат одбивост кон овесните снегулки и нивно конзумирање.

Но, овесот е инзвонредно здрава житарица, богата со протеини и витамини од Б комплексот, може да се приготвува во разни варијанти и нема да ве остави гладни до следниот оброк!

Ескпериментирајќи со овесните снегулки, дојдов до заклучок дека не секој ги сака потопени во јогурт, па затоа го смислив овој рецепт со кој овесната каша добива една поинаква димензија.

Потребни состојки:

  • 4-5 лажици овесни снегулки (обични, без додаден шеќер, овошје и јатки)
  • 200мл топло млеко (може и растително)
  • 1 банана
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици лешници
  • малку цимет
  • 1 лажица мед

 

Начин на подготовка:

Во подлабока чинија ставете 4-5 лажици овесни снегулки и потопете ги со загреаното млеко. Оставете ги 15-тина минути, за да ја упијат течноста, набабрат и омекнат.

Откако ќе омекнат, префрлете ги во блендер, а потоа додајте ја бананата и лешниците и блендирајте додека не се добие мазна структура. Потоа додатете какао, мед и цимет и повторно блендирајте.

Вака подготвената овесна каша има структура на пудинг, сладок вкус и арома на цимет.
Декорирајте со парчиња овошје и јаткасти плодови, или сервирајте во чаши за вашите гости и препуштете му се на уживањето!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *