Сладолед со 4 различни вкусови, а само 1 состојка!

Сонувате за кремаст сладолед, лесен за подготовка, со едноставни состојки, а воедно и  ЗДРАВ?
Уште да доаѓа  во различни вкусови, во кои ќе ужива целото семејство ….

Пробајте го овој рецепт, со кој нема да внесува енормна количина на шеќери, а ќе ја задоволите вашата потреба за слатко!

Потребни состојки:

Основни:

  • 3 банани
  • 1/2 шолја млеко

За различни вкусови:

  • јагоди
  • ванила екстракт
  • темно чоколадо
  • путер од кикирики
  • какао во прав

Начин на подготовка:

Исечкајте ги бананите на парчиња и ставете ги во замрзнувач. Замрзнатите банани ставете ги во блендер, додајте млеко, а потоа комбинирајте различни додатоци, за да направите различни вкусови.

Истурете во сад и повторно замрзнете.
Сервирајте и уживајте!

 

Banana "Ice Cream" 4 Ways

Have a lighter treat with Banana "Ice Cream" 4 Ways 🍌 🍦 ❤️ !FULL RECIPES: http://bzfd.it/2o9zMzl

Posted by Goodful on Thursday, 30 March 2017

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *