Направи сам: масло од јоргован

Не можете, а да не ја асоцирате пролетта со мирисот на јоргованот.
Ако сакате да го задржите овој прекрасен мирис подолго, ви советуваме да направите масло од јоргован.

Јоргованот не е само за украс и гледање,  туку има и голема улога во здравјето на човекот.
Главната примена на цветот од јоргован, т.е маслото од јоргован е за намалување на болки од реума.

Кората на дрвото од јоргован и лушпите на плодот се користат за лечење од маларија, за црн дроб (против цироза), лечење на дијареја, одстранување на глисти од цревата…. МЕТФОРМИН е лек кој се добива од јоргованот (одредени видови на јоргован) и се користи за лечење од дијабетис тип 2 и за лечење и превенција на тумори и канцерогени состојби. Во клиничко истражување е забележано дека опитните глувчиња кои добивале метформин  во храната имале 57% помалку тумори на црниот дроб од оние кои не добивале метформин во храната. Големината на туморите се намалила за 37%.

Сепак, пред употреба на јоргованот како лек, прочитајте убаво или советувајте се со стручни лица.
Секој лек кој не се користи на вистинскиот начин, може да биде и отров.

 

Потребни состојки:

  • цветови јоргован
  • 500мл парафинско масло
  • стаклена тегла

 

 

Начин на подготовка:

Во стаклена тегла ставете ги цветовите од јоргованот. Прелејте ги со маслото, затворете ја теглата и оставете на сонце три недели. Потоа прецедете го маслото, складирајте го во стаклен сад и користете го по потреба и желба.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *