Балансирање на хормонскиот статус со здрава исхрана и здрав животен стил

Најновите истражувања во диететиката укажуват на огромно влијание на храната врз функцијата на тироидната жлезда и делотворноста на тироидните хормони.

Прилагодената исхрана игра значајна улога како потпорна терапија при дисфункција на тироидната жлезда, пред се, при хипотироидизам.

При намалено лачење на штитната жлезда, важно е од исхраната да се исклучат одредени намирници, кои влијаат неповолно врз синтезата на тироидните хормони, но и да се зголеми внесот на хранливи материи, кои ја поттикнуваат работата на самата жлезда.

Оценување на досегашната исхраната е дел од процесот, затоа прв чекор, пред конкретните промени е проценка и вреднување на Вашите тековни навики во исхраната (избор, вид и состав на оброците, количина, временски распоред и други присутни елементи).

Кога се справувате со одредена болест, Вашите потреби се разликуваат од потребите на здравата индивидуа. Затоа, врз основа на вашата нутритивна состојба и степенот на физичка активност подготвуваме дието-план кој што ќе биде соодветен на Вашите потреби, можности, желби и цели. Менито е во склад со насоките за здрава исхрана.