Современите насоки за исхрана кај дијабетичари посочуваат на прецизно планирање на оброците, урамнотежена исхрана и броење на јаглехидратите. Почитувањето на ваквите насоки ни овозможува подобра ин полесна контрола на глукозата во крвта. 
Индивидуалниот пристап е од суштинско значење за подготовка на соодветно прилагоден дието-план.

Оценување на досегашната исхраната е дел од процесот, затоа прв чекор, пред конкретните промени е проценка и вреднување на Вашите тековни навики во исхраната (избор, вид и состав на оброците, количина, временски распоред и други присутни елементи).

Кога се справувате со одредена болест, Вашите потреби се разликуваат од потребите на здравата индивидуа. Затоа, врз основа на вашата нутритивна состојба и степенот на физичка активност подготвуваме дието-план кој што ќе биде соодветен на Вашите потреби, можности, желби и цели. Менито е во склад со насоките за здрава исхрана.