Индивидуалните програми се наменети за :
-лица, кои би сакале да ги подобрат своите навики во исхраната
-трудници и доилки
-лица, кои сакаат да ја намалат телесната тежина
-лица, со одредени специфични здравствени потешкотии

Индивидуалниот пристап е од суштинско значење за подготовка на соодветно прилагоден дието-план. Оценување на досегашната исхраната е дел од процесот, затоа  прв чекор пред конкретните промени е проценка и вреднување на Вашите тековни навики во исхраната (избор, вид и состав на оброците, количина, часовно распоредување и други присутни елементи).

Хранливите и енергетски потреби се разликуваат помеѓу индивидуи. Затоа, врз основа на вашата нутритивна состојба и степенот на физичка активност, подготвуваме дието-план кој што ке биде соодветен на Вашите потреби, можности, желби и цели. Менито темели на основните принципи на здрава исхрана.