Здрав леб од јатки и семки (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Вистински НОРДИК леб, без глутен, без брашно, здрав и нутритивно богат.

Направете го и уверете се сами !

Потребни состојки:

  • 2 шолји сирови јаткасти плодови по избор (лешници, ореви,бадеми)
  • 1 шолја ленено семе
  • 3 шолји семиња по избор (сончоглед, семки од тиква)
  • 1 – 1/2 лажичка морска сол
  • 1/3 шолја маслиново масло
  • 5 јајца

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ги.
Смесата истурете ја во сад за печење обложен со хартија.
Печете 1 час на температура од 180 °C.

Испечениот леб исечете го на тенки парчиња и дегустирајте го со путер, кашкавал или во слатка варијанта!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *