Овој кремаст и здрав десерт, лесен за подготовка ќе направи повеќе никогаш да не посегнете по вештачки засладените пудинзи полни со калории!

Потребни состојки:maxresdefault

  • 2 зрели авокада
  • 3 лажици сируп од агаве, јаворов сируп
    или друг засладувач по вкус
  • 3 лажици какао во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/2 шолја оризово млеко

Излупете ги двете авокада и извадете ги семките.
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека добиете густа, кремаста структура.
Додатете млеко или вода доколку сакате помалку густ пудинг.

Сервирајте во стаклени садови и оставете 1-2 часа во фрижидер.
Овој пудинг може да се користи и како крем за торти и колачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *