Зелена крем супа

Потребни состојки:

  • грашок – 2 шолји (250 мл)
  • компири – 3
  • лук – 1 главица
  • вода – 4-5 шолји
  • лимон – 1/2
  • сув мелен коријандер, сол, свежо мелена пиперка – по вкус
  • маслиново масло – 2 лажици

Начин на подготовка:

Излупете го компирот и исечкајте го на мали коцки. Ситно исечкајте го и лукот. На маслиново масло динстајте го лукот, па додадете го грашокот и компирот, и се тоа заедно динстајте го неколку минути.

Посолете ја водата и додадете ја (подобро е да сипете повеќе, да биде барем 5 сантиметри повисока од грашокот и компирот). Поклопете го садот и варете 12-15 минути додека компирот и грашокот не се сварат.

Одвојте 2-3 лажици од грашокот за декорација, и одвојте чаша до две вода, изматете ги со миксер и додадете уште малку вода додека ја добиете посакуваната густина.

Вратете на оган, зачинете со коријандер и додадете сок од лимон, а по потреба додадете уште сол. Сервирајте наросено со свежа мелена пиперка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *